Авганистан-шест загинати во саумобиствен бомбашки напад
Бомбаш самоубиц со возило денеска извршил напад врз воена база во јужната авганистанска провинција Хелманд, јавуваат агенциите. Во нападот се убиени четворица цивили и двајца војници, соопштија официјални лица. Тројца цивили и двајца војници се повредени во инцидентот, рече Омар Звак, портпарол на гувернерот на провинцијата.
Нападот го потврдија и од локалната воена команда. Талибанските бунтовници на 25 април најавија почеток на пролетната офанзива. Во соседниот Пакистан, во близина на границата со Авганистан, вооружен човек уби четири лица.
Икхлад Бангаш, администратор на провинцијата Јужен Вазиристан, рече дека тројца туристи и нивниот возач биле убиени во нападот на камп вчера доцна вечерта. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.