Газа-Палестинец почина откако беше застрелан на протести
Млад Палестинец почина откако беше застрелан од израелските сили во судирите во близина на границата со појасот Газа, соопштија од министерството за здравство кое се наоѓа на територијата контролирана од Хамас. Петнаесет годишниот Азам Овеида бил погоден во глава за време на протестите, соопшти министерството денеска.
Со неговата смрт бројот на загинатите на палестинските протести кои се оддржуваат петти петок по ред, се искачи на четири лица. Министерството за здравство на Газа соопшти и дека 200 лица се повредени, меѓу кои и палестински новинар кој бил повреден со куршум во нога.
Дел од демонстрантите фрлаа камења и запалени гуми. Израелската војска соопшти дека околу 10 000 луѓе биле дел од демонстрациите вчера во близина на границата, наведувајќи дека војниците одговориле за да ја растераат групата.