Николсон: Западот и Русија делат ист интерес за стабилноста на Авганистан
Западот и Русија делат ист интерес за стабилноста на Авганистан, вели за Радио Слободна Европа високиот американски командант во Авганистан, генералот Џон Николсон. На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел вчера тој рече дека Русија и западните сили делат интерес за борба против тероризмот кој им се заканува и на САД и на Русија и Централна Азија.
“Имаме заеднички интерес во борбата против Даеш, борбата против наркотиците, во обезбедувањето на мир и стабилност во Авганистан", рече Николсон.
Тој додаде дека се надеваат дека работејќи заедно со Русија и другите држави во регионот ќе успејат да го постигнат тоа.