НСДП ќе бира претседател, Тито Петковски кандидат
На 13 мај во Скопје ќе се одржи четвртиот конгрес на НСДП, соопштија денеска од партијата. На седницата на Централниот одбор биле донесениконгресните документи, бил утврден извештајот за работата на НСДП помеѓу двата конгреса и била усвоена предлог-програмската платформа за делување на партијата во наредните четири години.
“Централниот одбор на НСДП врз основа на доставените предлози од општинските организации за предлог-кандидат за претседател на партијата го утврди Тито Петковски”, информираат од НСДП.