Најмалку 14 загинати во напад врз изборната комисија во Триполи
Портпаролот на Изборната комисија, Халид Омар, изјави дека безбедносните сили се обидуваат да ја преземат контролата врз објектот.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава. Изборите, под покровителство на ОН, се дел од напорите за стабилизирање на Либија по неколкугодишните превирања кои почнаа со соборувањето на диктаторот Муамер Гадафи во 2011 година.
Изборите во 2014 година резултираа со формирање паралелни влади – една во Триполи, поддржана од меѓународната заедница, и една во источниот дел на земјата.