Путин: Русија е подготвена за Светското фудбалско првенство
Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека земјата практично ги завршила подготовките за Светското фудбалско првенство кое во идниот месец ќе се одржи во 11 руски градови. Тој ова го изјави по средбата со претседателот на ФИФА Џани Инфантино во Сочи. Првото светско првенство што ќе се одржи во некоја земја од Источна Европа ќе биде најскапото досега и доаѓа во атмосфера на тензии меѓу Русија и Западот околу наводните хемиски напади во Сирија, труењето на екс рускиот шпион во Британија и новата рунда американски санкции.