Косовскиот претседател Тачи ја потпиша демаркацијата
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, го потпишал законот за ратификација на договорот за државната граница меѓу Косово и Црна Гора. Претходно косовскиот Уставен суд процени дека процесот на ратификација на Договорот во Собранието не е во спротивност на Уставот на Косово, како што тврдеше опозициското движење Самоопределување.
Собранието го ратификуваше договорот за демаркација на границата во март, три години откако беше постигнат договорот. Ова е еден од последните услови кои Европската унија ги бара од Косово за да им ги укине визите. Другиот услов е борбата против корупцијата и организираниот криминал.