САД загрижени што Турција набавува ракетен систем од Русија
Американскиот Стејт департмент изрази загриженост поради плановите на Турција за набавка на рускиот ракетен систем земја-воздух С-400.
Според договорите во НАТО, Турција треба да набавува оружје и воена опрема кои се компатибилни со останатите партнери на НАТО. Со оваа набавка тоа не е случај, изјави портпаролката на Стејт департметот, Хедер Нојерт.
Нојерт ја истакна и американската подршка за подобрување на состојбата со слободата на медиумите во Турција, земја која има затворено најголем број новинари.
„Ова прашање го поставивме многупати досега директно до Владата на Турција и преку разни институции, со цел да се запре репресијата врз новинарите во Турција“, изјави Нојерт.