Војната во Украина го девалвираше образованието
Војната меѓу владините сили и сепаратистите во источна Украина го девалвираше образовниот систем во регионот, принудувајќи над 200 илјади деца да учат во воени услови, соопшти денеска Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).
„Децата учат во училиштата со дупки од куршуми во ѕидовите, со вреќи песок на прозорците, во подрумите има засолништа од бомби, а во училишните дворови - шрапнели“, вели претставничката на УНИЦЕФ за Украина, Џована Барберис.
Таа вели дека „сите страни во конфликтот мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и да осигураат дека училиштата се безбедно места за децата“.
Од УНИЦЕФ, исто така, велат дека училиштата и детските градинки од двете страни на воената линија се во опасност поради близината до воени објекти.