Композиторите Темков и Иванов со авторски концерт во Музеј на град Скопје
Во Музеј на град Скопје, оваа сабота, на 5 мај во 20 часот, ќе се одржи авторски концерт на Дамјан Темков и Филип Иванов, композитори од помладата генерација на македонски музички творци. На перформансот тие ќе понудат композиции од своето актуелно творештво, а во изведбата на делата учество ќе земат нашите врвни репродуктивни уметници Марија Вршкова, Гонца Богоромова - Краповски, Анастасија Грговска, Владимир Костов, Мартин Димитров, Бојан Талески и Паскал Краповски.