Северна Кореја: Мировните разговори загрозени од провокации на САД
Северна Кореја го предупреди Вашингтон дека со тврдењето оти Пјонгјанг бил принуден да преговара под притисок на САД, ризикува назадување, откако двете заемји на полуостровот се подготвуваат за историскиот самит.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја денеска ги обвини САД за „намерно провоцирање“ на Пјонгјанг во обид да се поткопа сегашната атмосфера на дијалог.
Претседателот на САД Доаналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун треба да се сретнат во следните неколку недели.
Трамп на 4 мај рече дека датумот и локацијата за средбата се познати, одбивајќи притоа да открие повеќе детали.