Експлозија во џамија во Авганистан, десетици загинати
Најмалку десет лица се загинати и 30 повредени при денешна експлозија во џамија во провинцијата Хост, источен Авганистан, соопштија официјални претставници.
Бомбата била поставена во шатор кој се користел како центар за регистрирање на гласачи во приземјето на џамијата, изјави за АФП шефот на провинциската полиција на Хост, Абдул Ханан Задран.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.
Минатиот месец бомбаш самоубиец во напад на центар за регистрирање на гласачи во Кабул уби најмалку 57 луѓе, а повредени беа 119 лица.
Екстремистичката група Исламска држава презема одговорност за нападот.