Рускиот Парламент треба да го одобри новиот мандат на Медведев
Рускиот Парламент се очекува денеска да го одобри новиот мандат на премиерот Дмитри Медведев, еден ден откако претседателот Владимир Путин го номинираше за функцијата.
Путин, кој вчера беше инаугуриран за претседател веднаш по церемонијата ја поднесе номинацијата на Медведев во долниот дом на Парламентот. Партијата Обединета Русија го има мнозинство во државната Дума, а нејзин лидер е Медведев.