Судењето за "Тенк" продолжува на 14 мај
Предметот на СЈО „Тенк“ продолжува на 14 мај кога треба да бидат изнесени завршни зборови на инволвираните во овој судски процес. Денешното рочиште траеше речиси шест часа, а одбраната бараше изземање на специјалните јавни обвинители.
Во меѓувреме обвинителот на СЈО Стевчо Донев до Судот достави известување од специјалната обвинителка Катица Јанева дека нема законска основа за барањето на одбраната за изземање за него и за обвинителката Ленче Ристовска, а судијата Добрила Кацарска ја продолжи расправата со изнесување на доказите кои одбраната ги побара од МВР.
На крајот на рочиштето одбраната ги повлече предлозите, а обвинетиот Никола Груевски рече дека се докажало оти не го сторил делото и затоа не е должен да ја изнесе одбраната бидејќи оценил дека нема потреба.
Во Судот денеска беа обвинетите Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Во „Тенк“ е обвинета и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но постапката за неа е издвоена поради „ризична бременост“.
Тројцата се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра