Србија не им дозволи влез на косовските каратисти во земјата
„Покрај тоа што сакаме да бидеме добри домаќини, спортистите од Косово нема да бидат дел од натпреварувањето“, соопштија српските власти.
Според соопштението, тие може да учествуваат во првенството само доколку каратистите не ги носат симболите на Косово. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека однесувањето на српските власти е неприфатливо и со тоа не придонесуваат за нормализација на односите меѓу двете земји.