Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

МНР: Злоупотреби при купување амбасади во странство во 2007 година

Серија пропусти, незаконитости и потрошени големи суми пари од државниот буџет, се утврдени од увидот во документацијата за купување дипломатско-конзуларни претставништа на Македонија во странство во изминатите десетина години, рече денеска државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски. 


На прес-конференција во Владата, тој посочи дека со одлука на Влада од 2007 биле одобрени 40 милиони евра за купување 15 дипломатски-конзуларни претставништа, а со ребаланс на буџетот уште 10 милиони евра.


Купени се пет објекти во Будимпешта, Прага, Истанбул, Љубљана и Виена во 2007 година. Со одлука на тогашниот министер за надворешни работи биле формирани две комисии што ги спроведувале набавките.


„ Сите купени објекти се наоѓаат на локации во кои нема амбасади. Исклучок е Прага каде прв сосед ни е амбасадата на Северна Кореја. Објектите се далеку од останатите ДКП-а и од центарот на градот, односно во обични резиденцијални квартови. Тоа укажува и на можноста дека реалната цена во времето кога биле купени била пониска од таа што е платена”, изјави Димовски.


Тој тврди и дека биле фаворизирани несоодветни и поскапи објекти иако имало понуди и за поквалитетни објекти, со поголема квадратура и на репрезентативни места. Димовски нагласи дека за купување на објектите била воспоставена мрежа на странски адвокати, странски компании и странски лица со седиште во Будимпешта, Виена, Прага, Вилнус, Лондон, а веројатно и во други центри кои ги координирале своите активности со комисијата за купување на објектите. Договорените решенија и биле наметнувани на комисијата која потоа ги предлагала до Владата, потпишани од тогашниот министер за надворешни работи.


Во повеќето договори доминира името на еден сопственик на фирми од босанско потекло, а во сите адвокатските услуги е вклучена адвокатската канцеларија „Д-р Фехер и партнери“ на адвокатот Ендре Фехер, тврди државниот секретар во МНР. Димовски рече и дека сите наоди ќе бидат доставени до надлежните институции за натамошно постапување.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *