Единаесет хрватски новинари во знак на протест ги вратија наградите на ХНД
Во заедничката изјава тие наведуваат дека наградата е доделена за извештај без основни новинарски елементи. Незадоволните новинари објаснуваат дека без да навлезат во стилот на новинарката, ниту, пак, на нејзиното право на емотивниот пристап, за нив е спорно тоа што НДН, како пример за исклучителност, го наградува „произволниот и формално некоректен извештај".
Според нив, известувањето „кое се претворило во коментирање, речиси и хушкање против соседен народ, не е и не смее да биде новинарство“. Тие очекуваат од ХНД наградата за Петровиќ процедурално да ја оспори и да ги подобри правилата за избор. Еден од оние новинари кои ја вратија наградата Драго Пилсел изјави дека ќе ја оспори наградата така што ќе покрене постапка пред Судот на честа против Ивана Петровиќ. Според Правилникот, лицето кое е казнето од Судот на честа не може да добие награда, при што Пилсел вели дека во тој случај постои прашање на ретроактивност.