Стотина лица се собраа денеска во Подгорица во знак на протест поради вооружениот напад врз новинарката Оливера Лакиќ. Демонстрантите носеа транспаренти испишани со зборовите „Стоп за насилството“ и „За живот без страв“. Тие побараа од властите да го најдат одговорниот за нападот.
Лакиќ која работи во црногорскиот дневен весник „Вијести“ е вон животна опасност и е хоспитализирана со прострелна рана во потколеницата.