Макрон е за проширување, но по спроведување на реформи во ЕУ
Францускиот претседател Емануел Макрон на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија изјави дека се залага за засилен стратешки дијалог со регионот и за негова европска перспектива.
Но, тој уште еднаш повтори дека проширување може да има откако ќе се спроведат вистински и трајни реформи, што длабински ќе го подобрат функционирањето на ЕУ. Според Макрон, неопходно е со многу „внимателност и строгост“ да се гледа на секое ново проширување.