Борисов: По 15 години повторно се зборува за Западен Балкан
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја денеска е домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија порача дека по 15 години повторно се појавила можност да се зборува на темата Западен Балкан во рамки на процесот за интеграција на шесте земји од регионот во Унијата.
„Сите разбираат колку е важен Западен Балкан и затоа 15 години по средбата во Солун имаме можност денеска да разговараме за таа тема,“ изјави Борисов.
Во врска со преговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името Борисов порача дека колку помалку изјави се даваат на темата, толку поголеми се шансите за решение.