Русија тврди дека нема ништо со соборувањето на авионот во 2014
Руското министерство за одбрана соопшти дека нема ништо со соборувањето на авионот МХ17 во источна Украина во 2014 година. Министерството ги отфрли тврдењата на Меѓунардониот истражен тим, изнесени денеска, дека руска ракета „Бук", испукана од руската база во Курск, го соборила малезискиот авион. Ракетата, тврди истрагата, била испукана од 53-тата Противвоздушна ракетна бригада стационирана во близина на градот Курск во Русија. Авион со лет од Амстердам до Куала Лумпур, беше соборен над источна Украина во 2014 година, а сите 298 патници и членови на екипажот загинаа. Меѓунардониот истражен тим за уривањето на малезискиот патнички авион во источна Украина во јули 2014 години, соопшти дека утврдил оти леталото било погодено со руска ракета. На денешната презентација на прелиминарниот извештај на истражниот тим беше емитуван и филм, на кој според истражителите, е прикажан патот на ракетата од Курск до источна Украина.