Димитров: Преговорите се во крајна фаза, можно е решение до Самитот на ЕУ
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, по средбата во Брисел, за грчката новинска агенција АНА-МПА изјавил дека преговорите се наоѓаат во крајната фаза.
Димитров за АНА-МПА вели дека се надева дека е изводливо до Самитот на ЕУ на 28 јуни да се најде решение и додава дека вчера имал „добра средба“ со неговиот грчки колега.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на македонската дипломатија во изјавата рекол дека консултациите продолжуваат на техничко ниво со правни експерти од двете земји и оценил дека во текот на неделава се очекува телефонски разговор на двајцата премиери.