Нескротливата енергија на ГОГОЉ БОРДЕЛО на Таксират 20
Во рамките на светската турнеја за својот нов албум „Seekers And Finders“, овој вторник, на 29 мај, во Младинскиот културен центар – Скопје, ќе настапи ГОГОЉ БОРДЕЛО, славниот џипси-панк бенд и еден од најенергичните состави на актуелната светска музичка сцена.