Таџикистан – Боксот е „харам“ според исламот
Највисокиот таџикистански муслимански свештеник ги прогласи боксот и боречките спортови „без правила“ за „харам“, односно забранети според исламот. Шефот на Советот на Улеми, Саидмукарам Абдулкодирзода, за време на дешената молитва во централната џамија во Душанбе рече дека таквите боречки спортови се забранети зашто може да му наштетат на здравјето.
„Сите видови игри и натпревари за пари се харам. Тие се губење време без никаква корист за умот и телото. Тоа е харам“, рече тој.
Според него, младите треба да се ангажираат во „нормални“ спортови како што е борењето за да се развијат „физички и духовно“.
Познатиот таџикистански боксерски тренер Носир Азимов рече дека прв пат слуша верски претставник да го нарече боксот „харам“ и оти спортот се практикува и во Иран, Саудиска Арабија и во Пакистан. Тој стравува дека изјавата на свештеникот може да се одрази на боксот во земјата.