Да се има дома фрижидер значи дека државата напредува, смета Ердоган
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека поседувањето фрижидер во домот е знак за просперитет и дека според бројот на луѓе кои имаат фрижидер се гледа колку Турција напреднала, со што предизвика нова полемика пред предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција закажани за 24 јуни, објави „Хуриет дејли њуз“.
Ердоган на последниот предизборен митинг во Сакарија ги спореди бројките за продажбата на автомобили и фрижидери од почетокот на владеењето на Партијата на правдата и развојот во 2002 година и денес.
Според него, во 2002 година биле продадени 1.088,000 фрижидери, а лани биле продадени 3.107,000, и заклучи дека „тоа значи оти во Турција нема сиромашни“.