Макрон: Телефонските разговори со Трамп се како колбаси
Францускиот претседател Емануел Макрон телефонските разговори со американскиот претседател Доналд Трамп ги спореди со колбаси, искористувајќи го примерот на прускиот државник Ото фон Бизмарк, кој за разговорите со неговите тогашни соговорници велел дека се како колбасите и подобро е да не знаете што има внатре оти никогаш нема да ги јадете, објавија западните медиуми.
Ова објаснување Макрон го даде на новинарско прашање „да образложи што мислел кога минатата недела рекол дека разговорот со Трамп бил „грозен“.
„Како што велел Бизмарк, ако им објасниме на луѓето како се прават колбасите, никој повеќе нема да ги јаде“, додаде Макрон.