САД испраќа помош за жртвите на вулканот во Гватемала
Соединетите Држави испратија итна помош, вклучувајќи и финансиски ресурси, за да помогнат во задоволувањето на потребите за храна и вода за жртвите погодени од ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала. Белата куќа соопшти дека администрацијата на Доналд Трамп, ќе испрати авион за да им помогне на изгорените лица побрзо да пристигнат во Флорида за лекување.
Портпаролката Сара Сандерс вели дека помошта се обезбедува на барање на владата на Гватемала. Сандерс изрази "најдлабоко сочувство" за жртвите од ерупцијата на вулканот и рече дека САД ќе продолжи да се координира со гватемалската влада. Официјални лица потврдија дека 99 лица загинале, а многу повеќе се сметаат за исчезнати.