Последни подготовки за потпишувањето на договорот за името во Преспа
![Последни подготовки за потпишувањето на договорот за името во Преспа](https://gdb.rferl.org/B580B287-7006-4932-8E23-953D75EEBACE_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот Метју Нимиц, претпладнево во Преспа под зајакнати безбедни мерки и во присуство на високи претставници на меѓународната заедница треба да ги стават своите потписи на договорот меѓу двете земји за конечно решавање на спорот за името, со кој е предвидено ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија. Јазикот е признаен како македонски, а државјанството како македонско/на Република Северна Македонија.
На потпишувањето во Псарадес на грчка страна од Преспанското Езеро, ќе присустуваат премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Потоа, делегациите на двете земји ќе поминат на македонска страна од границата, во Отешево, каде што ќе се одржи свечениот ручек.