Пратениците на координација, па на седница за Договорот со Грција
![Пратениците на координација, па на седница за Договорот со Грција](https://gdb.rferl.org/CA6D92A8-A502-4E76-8DEC-2653E65F938D_cx0_cy11_cw0_w800_h450.jpg)
Пратениците пристигнаа во Собранието каде за 11 часот е закажана 51. седница со единствена точка на дневен ред Предлог-закон за ратификација на Договорот со Грција за името.
СДСМ уште вчера ги завршил координациите, а последните договори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се во тек. Пратеници од оваа партија наведуваат дека тие ќе присуствуваат на седницата, но дека ќе бараат Предлог-законот за ратификација на Договорот да биде разгледуван на Комисијата за надворешни работи, а не како што е сега предвидено на Комисијата за европски прашања.
За во 11 часот пред зградата на Парламентот е најавен нов протест на граѓани кои се против Договорот за името со Грција, кои во моментов се собираат пред Парламентот.