Повлекување на САД од Советот за човекови права во ОН?
Американскиот државен секретар Мајк Помпео вечерва треба да се обрати во Советот за човекови права на ОН. Неговиот говор се очекува да биде проследен со внимание, поради извештаите кои зборуваат дека Вашингтон се подготвува да се повлече од агенцијата на ОН. Извештаите велат дека во презентацијата Помпео ќе биде придружуван од американската амбасадорка во ОН Ники Хејли.
Блумберг и Ројтерс објавија денеска дека Помпео се очекува да го објави повлекувањето на САД од советот со седиште во Женева. Официјалните претставници на САД и многу активисти веќе со години се жалат на составот на советот, во кој се вклучени земји за кои се смета дека се сериски прекршители на основните права на О.Н. Вашингтон се обиде да го реформира телото, но Ројтерс минатата недела објави дека преговорите не успеале.