Македонија не е крајна цел, туку коридор за мигрантите, тврди Спасовски
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека Македонија не е крајна дестинација во мигрантските движења, туку е само коридор за лицата бегалци, но тоа никако не ја исклучува обврската и потребата од донесување на опфатна, квалитетна и издржана законска регулатива во поглед на меѓународната и правна заштита.
„Токму поради тоа од почетокот на минатата деценија, поточно од 2003 година наваму проблематиката на азилот имаше свој институционален и нормативен третман, при што тргнувајќи од нашите евроинтеграциски заложби од императивно значење беше воспоставувањето регулатива која ќе почива врз сите важечки меѓународни правни стандарди и ќе биде во целост хармонизирана со правните практики на ЕУ“, рече Спасовски на конференцијата „АЗИЛ - меѓународна и привремена заштита“.