Сопругата на Нетанјаху обвинета за проневера
Против сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху денеска е подигнато обвинение поради систематска проневера на стотици илјади шекели(десетина илјади долари) за оброци во премиерската резиденција. Обвинение пред судот во Ерусалим е подигнато и против поранешниот заменик директор на кабинетот на премиерот, Езра Саидоф.
Тие се обвинети за тешка измама и изневерување на довербата, пренесуваат израелските медиуми.
Обвинителството наведува дека од 2010 до 2013 година Сара Нетанјаху им наложила на вработените во претседателската резиденција да нарачуваат храна од скапи ресторани, иако резиденцијата има готвач, па е забрането нарачување на храна од надвор, што таа го знаела.
Обвинението е подигнато откако таа одбила да признае вина и да ги врати непотребно потрошените пари. Доколку биде осудена, таа се соочува со казна до 5 години затвор.
Премиерот Нетанјаху исто така е соочен со неколку полициски истраги за корупција, но тој негира дека направил нешто лошо и смета дека неговото семејство е цел на политички „лов на вештерки“.