Вработувања во администрација: Пред избори службеници, по избори директори
Истражувањето „Процедурите на вработување во администрацијата на централно и локално ниво по изборите“ на Платформата на граѓански организации за борба против корупција, покажува дека вкупно 86 отсто од вработувањата во институциите пред изборите се службеници, додека 94 проценти од вработувањата по изборите се директори.
Според Миша Поповиќ, од Платформа на граѓански организации за борба против корупција, во Македонија има општа согласност дека принципот на вработување е врз политичка припадност, а не врз систем на заслуги.
„Без разлика дали ја имаме праксата или не. Самата перцепција на граѓаните дека тоа постои и тоа се правилата на игра создаваат очекувања на граѓаните и тие се прилагодуваат на тие правила на игра. Се создава поволна почва за клиентелизам во општеството“, смета Поповиќ.