Руски авион го нарушил естонскиот воздушен простор
Естонската армија соопшти дека руски авион го нарушил нивниот воздушен простор втор пат оваа година по неколкуте слични инциденти во 2016 и 2017 година. Естонски претставници соопштија дека естонскиот воздушен простор го нарушил авион Туполев154М на руското Министерство за внатрешни работи во близина на островот Ваиндло во Финскиот Залив. Според нив, авионот вчера останал на естонско небо околу една минута и не остварил контакт со естонската контрола на летање.
Островот Ваиндло се наоѓа на рутата по која руските товарни и воени авиони летаат од Санкт Петерсбург до ексклавата Калининград.