Власта и опозицијата на иста линија, референдумот мора да е задолжителен
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека референдумот за промената на името е исклучително важно прашање и дека за тој процес мора и власта и опозицијата да бидат усогласени.
„Се согласувам со опозицијата дека референдумот треба да биде задолжителен, а заедно треба да утврдиме дали ќе биде консултативен или обврзувачки. Зборувам за задолжителен референдум ако сите 50 отсто плус еден граѓанин излезат и го поддржат референдумот“, изјави Заев на одбележувањето на почетокот на градбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка.