Заев очекува зелено светло од сите во ЕУ
Премирот Зоран Заев очекува Македонија следната недела да добие датум за почеток на прегворите за членство во ЕУ и се надева дека со чекорите што ги презема земјава, ќе ги убеди сите кои се уште имаат одредена резерва за проширувањето на ЕУ.
„Се надевам дека ниту една земја од ЕУ нема да остане рамнодушна на напредокот, на пријателството и на европскиот манир кој Македонија го демонстрира. Холандскиот Парламент донесе позитивна одлука за нашата земја. Се надевам дека ќе омекне срцето на Макрон и дека и Франција ќе го направи тоа“, изјави Заев.