Сите во Унијата да ја поддржат Македонија, вели првиот советник на Хан
Франц Шаусбергер, специјалениот советник на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за весникот „Пресе“, вели дека земјите членки на ЕУ, а пред се скептиците Франција и Холандија, а делумно и Германија, на Самитот на Унијата следната недела, треба да го признаат постигнатиот напредок на Македонија со потпишувањето на договорот со Грција и да дадат зелено светло за почеток на пристапните преговори.
Шаусбергер во интервјуто додава дека успехот на договорот меѓу Македонија и Грција ќе значи и потврда дека „ЕУ може да има улога на посредник во разрешување конфликти и покрај огромните потешкотии во сопствените редови“.