Путин и Мун се согласиле за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров
Лидерите на Русија и на Јужна Кореја, Владимир Путин и Мун Џае Ин се согласиле да ги зголемат напорите за комплетна денуклеаризација на Корејскиот полуостров и воспоставување на траен мир и стабилност. Според нив, неодамнешниот дијалог меѓу САД и Северна Кореја ќе помогне во намалувањето на тензиите.
Путин изјави дека се согласил со Џае Ин дека ситуацијата во регионот се подобрила во последно време. Џае Ин од вчера е во посета на Москва и за прв пат еден лидер на Јужна Кореја од 1999 година е во земјата.