Германската амбасада со честитки за ратификацијата на договорот за името
Германската Амбасада во Скопје денеска преку соопштение упати честитки на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето на договорот за името и за неговата ратификација во македонското Собрание.
„Договорот за ова долгогодишно прашање е значајно постигнување, кое немаше да биде можно без лидерството, посветеноста и политичката храброст од страна на двајцата премиери и на министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас поддржани од специјалниот посредник на ОН, Метју Нимиц“, стои во соопштението.
Решавањето на спорот за името, како што се наведува, промовира заедничка европска иднина и ќе донесе значајни можности за двете земји и во регионот, вклучувајќи и зголемен просперитет и безбедност, а ќе го отвори и евроатлантскиот пат на Македонија.