Времето променливо облачно, попладне дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со долги сончеви периоди. Попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северозападен ветер. Утринската температура се движи од 11 до 17, а дневната од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Попладне ќе има услови за врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температурадо 13, а дневната до 27 степени.