Поплави ширум Србија, евакуација во делови од земјата
Пороен дожд погоди повеќе делови на Србија, предизвикувајќи поплави и проблеми во сообраќајот, а под вода биле и неколку сообраќајници во Белград. Големо невреме со силен ветер и дожд ја погоди Суботица, а како што соопштија локалните медиуми, во тој град многу улици се поплавени, сообраќајот е забавен, а има и искорнати дрвја..
Сообраќајот на Ибарска магистрала, во близина на Степојевац, речиси е целосно блокиран бидејќи поради надојдената вода таму е формирано буквално езеро. Досега во Степојевац се евакуирани 30 луѓе, а во прекин е и електричната енергија.
Во некои делови од земјата, кои се зафатени од невремето, надојдената вода однела неколку автомобили, а луѓето биле принудени да бегаат од возилата. Спасувачки екипи со чамци итно се испратени во поплавените подрачја.