Трамп не го исклучува признавањето на руската анексија на Крим
![Трамп не го исклучува признавањето на руската анексија на Крим](https://gdb.rferl.org/8BBFA7B9-BD0E-48DA-961D-70963E13CF6E_w800_h450.jpg)
Претседателот на САД, Доналд Трамп, одби да јаотфрли можноста за признавањена анексијата на Кримскиот полуостровод Русија, пред планираниот самит со рускиот претседател Владимир Путин. Запрашан од новинарите дали се вистинити извештаите со кои се отфрла долгогодишното противење на Вашингтон на анексијата, Трамп кратко одговори: "Ќе мораме да видиме". Тој даде сличен одговор на прашањето дали размисли за укинување на санкциите на САД за Русија кои беа наметнати во текот на анексијата. Тој рече дека целта на неговиот претстоен самит е да ги подобри односите меѓу Вашингтон и Москва, кои се наоѓаат на ниско ниво по Студената војна.
Подготвеноста на Трамп да ги зголеми казните што и беа наметнати на Русија во 2014 година поради нејзината анексија на Крим доаѓаат во услови на новинарскиизвештаи кои се повикуваат на изјавите на европски лидери дека Трамп приватно се расправална неодамнешниот самит на Групата седум, дека Крим треба да биде дел од Русија бидејќи повеќето од луѓето тамузборуваат руски јазик. Трамп, за време на кампањата за претседател во 2016 година, исто така, одби да ја отфрли можноста за признавање на руската анексија на Крим,ветувајќиподобрување на односите на САД со Москва.