Опозицијата в недела на протестен марш во Струмица
Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски, ги повика граѓаните незадоволни од власта на протестен марш в недела во Струмица.
„Време е да се чуе нашиот заеднички глас и затоа ве повикувам на протестен марш во Струмица, во недела, со почеток во 13 часот. Собирното место е во паркот во Струмица, од каде ќе се маршира по шеталиштето, па се до општината Струмица“, повика Мицкоски.