Заев: Референдумското прашање се уште не е утврдено
„За ова прашање немаме разговарано. Веројатно, чекаме да завршат интеграциите, односно 11 и 12 јули кога се нашите очекувања за поканата во НАТО алијансата. Веднаш потоа државата ќе ја отвори дебатата, ќе го утврдиме веројатно и терминот за одржување на референдумот, референдумското прашање и стилот на самиот референдум“, рече Заев во Прилеп.
Најверојатно, додаде тој, ќе останат роковите, крајот на септември и почетокот на октомври за референдумот и во тоа ќе помогнат ДИК и експертите во Парламентот.
„Резултатот од референдумот ќе биде задолжителен. Тоа значи ако референдумот помине ќе треба да ја почитуваме волјата на граѓаните, да гласаме во Парламентот и да работиме, особено на реформите и на процесите кои следуваат“, рече Заев.