Брнабиќ нема да менува министри додека се бие битката за Косово
Српската премиерка Ана Брнабиќ, во интервју за весникот „Вечерње новости, а по повод една година од нејзината Влада, изјави дека доколку има некој взаемно прифатлив компромис за Косово на маса, кој пред се ќе биде прифатлив за Србија, верува дека народот ќе застане зад претседателот Александар Вучиќ и зад Владата.
Во интервјуто Брнабиќ вели и дека нема да има смени во Владата се додека се води „битката за Косово“.
Во врска со предлозите за вклучување на трета страна во дијалогот на Белград и Приштина, како што тоа Косово го бара од САД, Брнабиќ изјави дека во тој случај во дијалогот треба да се вклучат и Русија и Кина.