Британецот отруен со новичок не е во критична состојба
Британецот Чарли Роули кој на 30-ти јуни беше отруен, повеќе не се наоѓа во критична состојба, објавија два дена откако неговата партнерка почина во болницата Салсбури. Двајцата британски граѓани беа пронајдени во несвесна состојба, а неколку дена покасно полицијата соопшти дека биле изложени на истата супстанција со која беа отруени и рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Британската полиција денеска информираше дека разговарале со Роули во обид да дознаат на кој начин тој и неговата мртва партнерка дошле во допир со отровниот агенс. Полицијата се сомнева дека Роули и неговата партнерка биле случајно изложени на остатоците од агенсот кои преостанале од мартовскиот инцидент со Скрипл. Британскиот министер за одбрана Гавин Вилијамсон пред два дена ја обвини Русија дека почнала напад на тлото на Британија. Кремљ ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги апсурдни.