Трамп: Верувам во НАТО, но сојузниците мора да ги исполнат обврските
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Брисел изјави дека американската посветеност на НАТО останува силна и дека очекува сојузниците да ги исполнат своите обврски кон Алијансата, објави АП.
Тој на прес-конференцијата, по завршувањето на самитот на НАТО, рече дека сојузниците се обврзале да потрошат повеќе од два отсто од нивниот БДП на буџетите за одбраната и дека „ќе биде многу несреќен ако не го исполнат тоа“.
Трамп уште еднаш ги повтори критиките кон Алијансата, но сепак додаде дека „верува во НАТО“. На прашањето дали САД ќе ја напуштат Алијансата, американскиот претседател одговори: „Тоа не е потребно“, пренесе Франс прес.