Грција нема да блокира, се зависи од македонските граѓани, тврди Кацин
Само од граѓаните на Македонија зависи дали земјата ќе стане членка на Алијансата, порача од Брисел словенечкиот амбасадор во НАТО, Јелко Кацин.
„Одлуката во Грција е веќе усвоена, условите се на ваша страна, штом ги исполните условите очекуваме позитивен сигнал од Атина, да не добиевме позитивна порака генералниот секретар денеска немаше да може да го потпише документот и да започне пристапни преговори“, рече Јелко Кацин.
Попладнево на македонскиот премиер Зоран Заев ќе му биде директно врачена поканата за НАТО, која води до пристапни преговори со земјите членки и ратификации од нивна страна штом на референдум поминат уставните измени предвидени во Договорот со Грција.
„Без тие уставни измени, Македонија не може да стане членка, но поканата не може да биде повлечена“, појаснува Кацин.