Доживотен затвор за 72 учесници во обидот за државен удар во Турција
Доживотна казна затвор денеска добија 72 обвинети за ичество во судирите на босфорскиот мост во Истанбул, каде беа убиени 34 лица за време на обидот за државен удар пред две години.
Се очекуваат пресуди за уште 71 обвинет во овој случај, во кој се обвинети за намерно убивање на цивили кои одговориле на повикот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган да им се даде отпор на пучистите на мостот преку Босфорскиот теснец ноќта на 15 јули 2016 година.