Филипче: Болниците нема да останат без пари поради бесплатното болничко лекување
Министерот за здравство Венко Филипче убедува дека бесплатното болничко лекување, кое ќе почне од 2019 година, нема да ги остави клиниките и болниците без пари.
„Од буџетот преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе се вложи дополнителен износ средства во сите клиники и болници. Во никој случај нема да се намали бројот на новите методи кои планираме да ги имплементираме“, изјави Филипче.